(Видео) Капитенот на Лутон колабираше на теренот, натпреварот е прекинат

(Видео) Капитенот на Лутон колабираше на теренот, натпреварот е прекинат

пред 9 месеци

Натпреварот од 17. коло на англиската Премиер лига помеѓу Бурнмут и Лутон е прекинат откако Том Локиер колабираше на теренот.

Резултатот на натпреварот помеѓу Бурнмаут и Лутон по нешто повеќе од еден час игра беше 1:1, но сето тоа падна во втор план поради ужасната сцена која се случи.

Имено, во 65. минута капитенот на гостинската екипа Том Локиер колабираше на средината на теренот, по што судијата веднаш ја прекина играта.

Лекарските тимови на двата тима, како и членовите на итната медицинска помош веднаш притрчаа на теренот за да му помогнат на играчот на Лутон.

Локиер еднаш веќе колабрираше на теренот, тоа се случи во мај годинава, во плеј-оф натпревар од Премиер лигата против Ковентри. Тогаш лекарите утврдија дека има атријална фибрилација, најчест тип на аритмија или неправилно чукање на срцето. Беше опериран, но му беше дозволено да продолжи да игра фудбал.

Главниот лекар на Борнмут, информира дека Локиер е буден и компактибилен.

Share
Scroll to Top