ИХФ потврди: САД ќе играат на СП во Египет

ИХФ потврди: САД ќе играат на СП во Египет

пред 4 години

Интернационалната ракометна федерација (ИХФ), потврди дека репрезентацијата на САД ќе учествува на Светското првенство во Египет.

ИХФ, во образложението на својата одлука наведе дека „САД се важна ракометна нација за глобалниот развој на спортот“.

Американците последен пат на ракометен Мундијал учествувале во 2001 година. Во Египет ти ќе играат во Е-групата со Норвешка, Австрија и Франција.

Светското првенство во Египет, на кое прв пат во историјата ќе учествуваат 32 репрезентации, ќе се одржи од 13 до 31. јануари 2021 година.