Лајлс го победи Томпсон на 100 метри

Лајлс го победи Томпсон на 100 метри

пред 3 месеци

Спектакуларната трка на 100 метри во машка конкуренција ја затвори неделната програма на стадионот „Франција“.

Пред 85.000 навивачи, Американецот Ноа Лајлс го освои олимпиското злато во една од најатрактивните трки. Само еден од финалистите не трчаше под 9,90 секунди.

Победникот го добивме по фотофинишот, победникот го решија пет илјадити делови од секундата.

На крајот Ноа Лајлс победи со резултат 9.79.784, а Јамајканецот Кишан Томпсон со 9.79.789.

Бронзата оди кај Американецот Фред Керли, кој истрча 9,81.

Четвртото место го зазеде Акани Симбине од Јужноафриканската Република (9,82), петти олимпискиот шампион од Токио, Италијанецот Ламонт Марсел Џејкобс (9,85), пред Лесил Тебог од Боцвана (9,86), Кенет Беднарек од Америка ( 9,88) и последно пласираниот Јамајканец Облик Севилја (9,91).

Share
Scroll to Top