Партизан и Црвена звезда во саботата го одиграа 163 дерби. Натпреварот заврши без победник 1:1. Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС) по мечот побара дисциплински казни за клубовите бидејќи не се држеле до уптатсвата и правилата.
Пред мечот гостите, Црвена звезда, забележале дека на нивното знаме на грбот две ѕвезди, а не три. На крајот од јарболот биле тргнати клупските знамиња, па дербито се одигра без клупски обележја.
На стадионот имало многу повеќе лица од пропишаните правила на ФСС за организација на натпреварите во услови на пандемија. Според правилата мечот можеле да го следат само претставниците на клубовите и ограничен број на новинари, меѓутоа позади головите маскирани во фото репортери стоеле навивачи на Партизан.
Во второто полувреме тие „фото репортери“ предизвикале мал инцидент кога со топка го погодиле голманот на Црвена звезда, Милан Борјан.
Потоа комесарот за безбедност побарал лажните фото репортери да го напуштат стадионот.
Црвена звезда добила пријава бидејќи клубот не ги почитувал епидемиолошките мерки.