Метла за Партизан – Црвена звезда пред 20.000 „гробари“ ја освои титулата во АБА лигата

Метла за Партизан – Црвена звезда пред 20.000 „гробари“ ја освои титулата во АБА лигата

пред 5 месеци

Кошаркарите на Црвена звезда ја освоија титулата во АБА лигата, откако во финалната серија против Партизан ја добија со 3:0. Третиот меч на теренот на Партизан, екипата на Црвена звезда го доби со 82:76.

Ова беше шести последователен триумф на тимот на Јанис Сферопулос над тимот предводен од Жељко Обрадовиќ, шести во 2024 година.

Звезда со тоа го освои вториот трофеј сезонава, откако во февруари во Ниш го освои националниот куп.

Црвена звезда му се реваншираше на Партизан за поразот во ланското финале и ја прекина една долга традиција во АБА лигата. Ниту една екипа во претходните четирите претходни финални серии не успеа да победи на гостински терен.

Третиот меч во целост им припадна на црвено-белите. Партизан само еднаш имаше предност, во раната фаза од третата четвртина. Звезда експресно ја врати предноста, а во решавачкиот период влезе со предност од седум поени.

Голем чекор кон победата тимот на Сверопулос направи кога дојде до двоцифрена предност. Партизан до крајот се обиде но не успеа да направи пресврт.

Црвена зведа до победата ја предводеа Митровиќ и Гедраитис со по 12 поени, првиот имаше и осум скока, Дос Сантос постигна 11, а Лазиќ и Давидовац по девет поени. Тренерот Сферопулос играше со 11 играчи и сите постигнаа поени.

Партизан го предводеа Аврамовиќ со 17 и Анѓушиќ со 13 поени. Разочараа Пантер и Лидеј со пет, односно четири поени.

МВП на финалната серија е Бразилецот Јаго Дос Сантос.

Share
Scroll to Top