Мота отпиша седум фудбалери

Мота отпиша седум фудбалери

пред 3 месеци

Новиот тренер на Јувентус, Тијаго Мота, две недели пред почетокот на сезоната ја започна чистката во соблекувалната. Мота известил седум фудбалер дека нема да смета на нив во новата сезона.

Поранешниот италијански репрезентативец има задача да ја спроведе реконструкцијата на (лошо составениот) тим на Јувентус.

Тој веќе на подготовките пречкрта неколку фудбалери, а по пријателскиот натпревар со Брест потврди дека повеќе не смета на Филип Костиќ, голманот Војче Шчешни, Вестон Мекени, дефанзивецот Матијас Де Шиљо, Артуро Мело кој беше на позајмица во Фиорентина, Ханс Николузи- Кавиља и стоперот Даниеле Мокери.

Share
Scroll to Top