Ноер тренираше со тимот пред мечот со Арсенал

Ноер тренираше со тимот пред мечот со Арсенал

пред 7 месеци

Голманот на Баерн Минхен, Мануел Ноер денеска се врати на тренинзите, пред да отпатува со тимот во Лондон, на првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Арсенал.

Ноер го скина бутниот мускулот на левата нога, на тренингот за германската репрезентација во март и ги пропушти пријателските натпревари против Франција и Холандија. Не беше во тимот и на последните два натпревари во Бундеслигата, на кои Баерн загуби од Борусија Дортмунд и Хајденхајм.

Тој денеска работеше со соиграчите на последниот тренинг на Баерн во Минхен.

Со враќањето на Лерој Сане, Кингсли Коман, Александар Павловиќ и Нусаир Мазрауи, тренерот на Баерн Томас Тухел го има на располагање речиси целиот состав за дуелот против Арсенал.

По двата последователни порази во Бундеслигата, Баерн заостанува 16 бода зад лидерот Баер Леверкузен, па на баварскиот клуб му останува само Лигата на шампионите за спас на сезоната.

Првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите помеѓу Арсенал и Баерн е на програмата утре од 21 часот.

Share
Scroll to Top