УЕФА демантира дека има договор со Обединетите Арапски Емирати

УЕФА демантира дека има договор со Обединетите Арапски Емирати

пред 10 месеци

УЕФА ги демантира пишувањата на шпанските медиуми дека продала барем едно финале во Лигата на шампионите на Обединетите Арапски Емирати.

Порталот „Диарио“ ја пренесе веста дека УЕФА постигнала договор со владата на ОАЕ за околу 2,5 милијарди евра. Според овој извор договорот ќе биде официјализиран во февруари наредната година.

„Диарио“, пишува дека главен спонзор на УЕФА би бил Абу Даби, а за организација на само еден натпревар би издвоиле дури 120 милиони евра.

Се споменуваше дека Абу Даби треба да стане редовен домаќин на Суперкупот, а тој да се прошири на четири учесници, а не само победниците во Лигата на шампионите и Лига Европа.

Сепак, од УЕФА тоа категорично го демантираат и истакнуваат дека ова не е прв пат шпанските медиуми да шират невистини за европската Куќа на фудбалот и дека оваа практика е се позачестена како се приблиѓува денот кога треба да биде соопштена одлуката на судот во врска Суперлигата, во кој голема улога имаа шпанските гиганти Реал Мадрид и Барселона.

Share
Scroll to Top