Унгарците доминираа во маратонското пливање

Унгарците доминираа во маратонското пливање

пред 3 месеци

Унгарија додаде уште два медали на своето конто на Олимписките игри во петокот наутро. Унгарците освоија злато и бронза во дисциплината маратонско пливање на 10 километри за мажи.

Криштоф Расовски стан олимписки шампион. Унгарецот ја заврши трката за 1:50,52 часа.

Тоа е негов прв медал на Игрите, а претходно беше светски првак во трката на 5 километри и европски првак во трката на 25 километри.

Германецот Олимер Клемет го освои сребрениот медал со заостанување од 2,1 секунда.

Бронзениот медал го освои уште еден Унгарец, Давид Бетлехем, кој беше 16 секунди побавен од победникот.

Share
Scroll to Top