Шпанскиот селектор: Пет репрезентации се фаворити на ЕП

Шпанскиот селектор: Пет репрезентации се фаворити на ЕП

пред 4 месеци

Луис де ла Фуенте, селектор на Шпанија, зборуваше за програмата на Радио Марка, ден пред утрешниот натпревар против Хрватска кој од 18 часот се игра во Берлин.

„Тимот е многу фокусиран и добро подготвен. Тие едвај чекаат да истрчаат утре на теренот и нивното однесување ме прави горд. Тие се пример за доблес, тимска работа и соживот. Што се однесува до нивниот квалитет, за мене тие се најдобрите во светот“. започна Де ла Фуенте.

На новинарско прашање дали Шпанија е во „групата на смртта“, бидејќи тука се и Хрватска, Италија и Албанија, тој одговори:

„Најдобрите репрезентации се секогаш на ЕП и има многу квалитет. Сите репрезентации имаат играчи од висока класа, ова е можеби најсилната група на ЕП, но ние сме подготвено“.

За фаворитите, селекторот на Шпанија вели: „Ова е можеби најсилното ЕП во историјата. Англија, Германија, Франција, Португалија… Шпанија, која мора да се вброи меѓу најсилните на ЕП.“

Share
Scroll to Top