(Видео) Австралиски пратеник лежи на тротоар и пцуе: „Помешав алкохол и лекови“

(Видео) Австралиски пратеник лежи на тротоар и пцуе: „Помешав алкохол и лекови“

пред 8 месеци

Актуелниот австралиски пратеник и поранешен вицепремиер Барнаби Џојс се огласи откако се појавија снимки како тој лежи на тротоарот во Канбера како пцуе на својот мобилен телефон.

Во исто време расте притисокот врз Националната партија на Австралија да го санкционира својот член.

„Гардијан Австралија“ тврди дека Џојс не присуствувал на партискиот состанок на кој се разговарало за инцидентот. Шефот на партијата, Дејвид Литлпрауд, се очекува да разговара со Џојс подоцна денеска.

Во петокот „Дејли мејл Австралија“ објави видео од Џојс како лежи на грб на тротоарот со стапалата во посадените цвеќиња, зборува на телефон и изговара непристојни зборови.

Џојс призна за мрежата „Севен“ дека „направил голема грешка“ откога помешал алкохол со лекот што го зел на рецепт.

„Јас земам лекови на рецепт и тие ви велат дека одредени работи може да се случат ако пиете и тие се 100 % во право. Не барам сочувство и не барам изговор. Ќе стојам на тоа. Паднав на жардиниера, паднав и ме снимаа“, истакна тој.

Премиерот Ентони Албанес во петокот рече дека пратеникот Џојс е во „очигледно тешки околности“.

Во неделата побара објаснување за настанот. „Мислам дека луѓето ќе размислат каква треба да биде реакцијата кога еден министер од мојата влада ќе се однесува така. Мислам дека, едноставно, му треба објаснување за она што се случило“, рече тој.

Текстот (Видео) Австралиски пратеник лежи на тротоар и пцуе: „Помешав алкохол и лекови“ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top