(Видео) Експлозии во Русија, Украинците лансираа десетици дронови кон складиште за нафта

(Видео) Експлозии во Русија, Украинците лансираа десетици дронови кон складиште за нафта

пред 1 недела

Голем пожар избувна во складиште за нафта во областа Јарцево во руската област Смоленск, се наведува во извештајот на Киев Индипендент. Магацин за нафта во Јарцево, во рускиот регион Смоленск, се запали по напад со дрон во текот на ноќта. Регионот се наоѓа на приближно 500 километри од Курск.

$bp(“TargetVideo_35657287”, {“id”:”45264″,”width”:”420″,”height”:”560″,”video”:”1924655″,”autoplay”:0,”shared”:true});

Повеќе експлозии одекнаа во текот на ноќта и во Смоленск и во регионот Орлов. Гувернерот на Смоленск, Василиј Анохин, подоцна го потврди пожарот во објава на Телеграм, пишувајќи дека „остатоците од едно беспилотно летало паднале на територијата на складиште за нафта. Како резултат на тоа, дошло до излевање на гориво и пожар“.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека во текот на ноќта биле соборени 68 украински беспилотни летала, од кои 10 биле во областа Смоленск.

Овој напад врз складиште за нафта во Смоленск е еден од многуте украински напади врз руските складишта за нафта во последните месеци.

Текстот (Видео) Експлозии во Русија, Украинците лансираа десетици дронови кон складиште за нафта е превземен од МАКФАКС.