(Видео) Зеленски по средбата со Фон дер Лаен: Европскиот проект не може да се заврши без Украина

пред 3 години

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека европскиот проект не може да биде завршен без Украина, пренесуваат локалните медиуми.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Зеленски во Киев се сретна со Урсула Фон дер Лаен, претседателка на Европската комисија, а по средбата заедно се обратија пред медиумите.

„Европскиот проект секако не може да се заврши без Украина“, изјавил Зеленски, говорејќи за процесот за членство на Украина во ЕУ.

Потенцирајќи и дека раководството на Фон дер Лаен им е многу важно, Зеленски додал: „Верувам дека во блиска иднина ќе комуницираме со вас на ново ниво во односите меѓу Украина и Европската Унија“.

Фон дер Лаен претходно престојуваше во Киев. Комисијата на ЕУ се очекува на 17 јуни да објави соопштение за апликацијата на Украина за членство, пишуваат медиумите.