Француската полиција денеска соопшти дека уапсила 26-годишен маж од украинско-руска националност, кој поседувал експлозив во хотел на северот на Париз.
Неименуван извор од француската антитерористичка единица (ПНАТ) потврди дека оваа служба го презела случајот и отворила истрага поради сомневање дека уапсениот учествувал во терористички заговор, пренесува Ројтерс.
Истиот извор рече и дека во истрагата се вклучила и француската домашна разузнавачка агенција ДРМ.
Телевизијата БФМ, повикувајќи се на извор запознаен со случајот, објави дека уапсениот се обидувал да направи експлозивна направа.
Текстот Во хотел во Париз уапсен маж кој донел експлозив – 26-годишник од украинско-руска националност е превземен од МАКФАКС.