Украинските власти објавија цртеж од дете за кое тврдат дека го силувале руски војници

пред 3 години

Заменичката на украинскиот министер за надворешни работи, Емине Џепар, денеска изјави дека Русија ги врши најлошите кршења на човековите права на европскиот континент во последните децении.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Обраќајќи се пред ОН од Киев, таа рече: „Ова беа 10 недели чист ужас за луѓето во мојата земја. Мачења и исчезнувања, сексуално и родово насилство, списокот на руски злосторства е бесконечен“.

„Само свет кој е солидарен со украинскиот народ може да помогне да се победи ова зло“, рече таа.

Потоа прикажа детски цртеж со црни линии.

Изјави дека цртежот го направило 11-годишно момче кое било силувано од руски војници пред очите на неговата мајка.

Таа рече дека момчето било толку трауматизирано што по силувањето комуницира исклучиво преку цртежи.