Агент на американската тајна служба бил ограбен под закана со пиштол за време на патувањето на американскиот претседател Џозеф Бајден во Калифорнија, соопшти полицијата.
Агентот не бил на должност во моментот на инцидентот, кој се случил во Тастин, Калифорнија за време на викендот, се вели во соопштението.
На неименуван агент му ја украле чантата во саботата вечерта околу 21 часот и 30 минути, објави полициската управа во Тастин, пренесува ABC News.
Текстот Агент на тајната служба ограбен со пиштол за време на патувањето на Бајден е превземен од МАКФАКС.