Американскиот претседател Џозеф Бајден и лидерите на Франција, Германија и Велика Британија вечерва на видеоконференција ја потврдија својата решеност да продолжат да ја зголемуваат цената за „неиспровоцираната и неоправдана инвазија на Русија на Украина“, соопшти Белата куќа.
Бајден, Емануел Макрон, Олаф Шолц и Борис Џонсон, наводно, ја изразиле својата посветеност да продолжат да обезбедуваат безбедносна, економска и хуманитарна помош за Украина, пренесува Ројтерс.