Американскиот претседател Џо Бајден денеска ќе објави дека САД ќе испратат нови 800 милиони долари нова воена помош за Украина, изјави претставник на Белата куќа.
Се очекува Бајден детално да го претстави планот за време на неговиот говор за ситуацијата во Украина, пренесува агенцијата АП.
Парите се дел од дополнителна воена и хуманитарна помош за Украина, во вкупен износ од 13,6 милијарди долари. Со новата рунда помош, Бајден издвои 2 милијарди долари помош за Украина од преземањето на функцијата.
За денеска е најавено и видео обраќање на украинскиот претседател Володимир Зеленски до Конгресот.