Бројот на барања за азил во Европската унија минатата година скокна за 18 отсто

Бројот на барања за азил во Европската унија минатата година скокна за 18 отсто

пред 10 месеци

Бројот на барања за азил во Европската унија скокна за 18 отсто минатата година и достигна 1,14 милиони, што е највисоко ниво од мигрантската криза 2015/16 година, покажуваат објавените податоци од Агенцијата за азил на Европската унија (EUAA).

Новите податоци веројатно ќе ја поттикнат веќе вжештената дебата за миграцијата и ставовите на екстремната десница, пред серијата локални и национални избори низ целиот континент, како и изборите за Европскиот парламент во јуни, оценува Ројтерс.

Според податоците на EUAA, Сиријците и Авганистанците сè уште се најбројни баратели на азил.

Текстот Бројот на барања за азил во Европската унија минатата година скокна за 18 отсто е превземен од МАКФАКС.