Јемен побара од Британија да ја промени својата политика и да поддржи прекин на огнот во Газа

Бројот на загинатите Палестинци во Газа достигна 27.708

пред 11 месеци

Бројот на Палестинци убиени во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври достигна 27.708, соопшти Министерството за здравство на Хамас.

Се додава дека во изминатите 24 часа загинале 123 Палестинци, а 169 од нив се повредени.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека со тоталната победа на израелската армија во Појасот Газа ќе ѝ биде зададен фатален удар на палестинската исламистичка организација Хамас, но и на Иран и неговите сојузници.

„Апсолутна победа е од суштинско значење затоа што гарантира безбедност за Израел. Целосната победа ќе зададе фатален удар на оската на злото, а тоа се Иран, (либанскиот) Хезболах, (јеменските бунтовници од движењето Хути) и, секако, Хамас“. рече Нетанјаху по средбата со претставници на армијата.

Како што соопшти неговиот кабинет, Нетанјаху во Латрун, недалеку од Ерусалим, истакна дека Израел е „на пат кон целосна победа“, дека е посветен на тоа и дека „нема да се откаже“.

 

Текстот Бројот на загинатите Палестинци во Газа достигна 27.708 е превземен од МАКФАКС.