Ватикан: Папата Франциско има инфекција на белите дробови, но е добро и стабилен

Ватикан: Папата Франциско има инфекција на белите дробови, но е добро и стабилен

пред 1 година

Папата Франциско боледува од инфекција на белите дробови, но е во „добра и стабилна“ состојба и прима интравенска антибиотска терапија, пренесува Ројтерс.

„Поглаварот на Римокатоличката црква ќе ги ограничи своите активности во следните неколку дена за да ја зачува својата сила“, соопшти Ватикан.

„Состојбата на папата е добра и стабилна, тој нема температура и неговата респираторна состојба дефинитивно се подобрува“, рече портпаролот Матео Бруни во соопштението.

Текстот Ватикан: Папата Франциско има инфекција на белите дробови, но е добро и стабилен е превземен од МАКФАКС.