(Видео) Врховниот командант на украинската армија до Зеленски: Нема повеќе Руси во важниот град во Курск

(Видео) Врховниот командант на украинската армија до Зеленски: Нема повеќе Руси во важниот град во Курск

пред 5 месеци

Украинскиот врховен командант Олександр Сирски тврди дека украинските сили сега имаат целосна контрола врз важниот руски пограничен град Суџа.

$bp(“TargetVideo_23635515”, {“id”:”26456″,”width”:”762″,”height”:”429″,”video”:”1730395″,”autoplay”:0,”shared”:true});

Во видеото објавено на Телеграм, се гледа како Сирски му кажува на украинскиот претседател Зеленски дека украинските сили сега „ја завршиле операцијата за пребарување и уништување на руските сили во Суџа“, важен логистички и енергетски центар во рускиот регион Курск.

Оваа информација сè уште не е независно потврдена, но претходно денеска екипа на украинската телевизија во градот Суџа снимила украински војници како го отстрануваат руското знаме од локалното училиште и извикуваат „Слава на Украина“.

Текстот (Видео) Врховниот командант на украинската армија до Зеленски: Нема повеќе Руси во важниот град во Курск е превземен од МАКФАКС.