Иранската револуционерна гарда објави дека нападнала, како што рече, „израелски шпионски центри и места каде се собираат антиирански терористички групи“ во Ербил, Ирак, објавија иранските државни медиуми.
„Нападот беше извршен на полноќ како одговор на неодамнешните терористички злосторства од страна на непријателот на исламски Иран, а шпионските штабови и местата за состаноци на антииранските терористички групи беа цел на балистички ракети на ИРГЦ и беа уништени“, објави иранскиот корпус на револуционерната гарда, пренесе државната агенција ИРНА.
The explosions are really big in Irbil Iraq. pic.twitter.com/oiQex37VT7
— Aqssss (@AqssssFajr) January 15, 2024
Аеродромот во Ербил го прекина сообраќајот откако се слушнаа експлозии над градот, изјавија три ирачки безбедносни извори за Ројтерс.
Текстот (Видео) „Го нападнавме израелскиот шпионски центар“: Иран изврши напади во близина на аеродромот во Ербил, Америка ја осуди акцијата е превземен од МАКФАКС.