(Видео) Експлозија во хидроцентрала, има повредени, најмалку 7 исчезнати: драма во Италија

(Видео) Експлозија во хидроцентрала, има повредени, најмалку 7 исчезнати: драма во Италија

пред 9 месеци

Повеќе од 70 пожарникари се обидуваат да го изгаснат пожарот во хидроцентралата во Камуњано, Италија, каде денеска се случи експлозија, најверојатно кај турбините.

Според локалните медиуми, најмалку седум лица се водат како исчезнати, а четворица се тешко повредени.

Целото подрачје го надлетуваат хеликоптери, а над езерото се издига густ чад.

Во експлозијата повредените работници се здобиле со тешки изгореници и во моментов се префрлени во најблиските болници.

Според градоначалникот Марко Масинара, експлозијата се случила при работа на турбините.

Несреќата се случила под нивото на водата, бидејќи хидроцентралата е вкопана на околу 30 метри.

„За да пружите помош потребна ви е видливост и ниски температури“, изјави провинцискиот командант на противпожарната бригада на Болоња, Калогеро Туртуричи.

„Кога ќе дојдеме до нивото на несреќата, подобро ќе знаеме каква е состојбата“, додаде тој.

Пожарот наводно избувнал на 9 кат каде се наоѓаат трансформаторите.

„Повеќе ќе знаеме откако ќе слушнеме очевидци, луѓе кои биле на местото на настанот. Просториите сега се поплавени според првите информации што ги имаме. Доколку местото на несреќата не е достапно за истрага, тешко е да се претпостави конкретно сценарио“, рече тој.

Засега не е познато како дошло до експлозијата.

Текстот (Видео) Експлозија во хидроцентрала, има повредени, најмалку 7 исчезнати: драма во Италија е превземен од МАКФАКС.