(Видео) Пилот загина во пад на руски стратешки бомбардер, тројца повредени

(Видео) Пилот загина во пад на руски стратешки бомбардер, тројца повредени

пред 5 месеци

Еден член на екипажот загина во пад на стратешки бомбардер „ту-22М3“, напиша Игор Кобзев на „Телеграм“, кој е гувернерот на регионот Иркутск, каде што се случи авионската несреќа.

„Работата на местото на несреќата на ‘ту-22М3’ продолжи и во текот на ноќта. На мое длабоко жалење, еден од пилотите не можеше да се спаси. Вака велат структурите на воената команда на руското Министерство за одбрана“, рече Кобзев.

Тој изрази сочувство до пријателите и семејството на починатиот пилот.

Официјалниот претставник рече дека уште тројца члена на екипажот добиле повреди, но не од ист степен, и се хоспитализирани.

„Точната причина за несреќата допрва треба да ја утврдат експертите. Вчера се истражуваше техничка неисправност како потенцијална причина“, додаде тој.

Авионот се урна во регионот Ирскут во источен Сибир за време на планиран лет. Русија вчера објави дека екипажот успешно се катапултирал. На местото на несреќата избувнал пожар, но тој бргу бил изгаснат.

На руските канали на „Телеграм“ се појавија фотографии и видеа од местото на несреќата.

Текстот (Видео) Пилот загина во пад на руски стратешки бомбардер, тројца повредени е превземен од МАКФАКС.