Рускиот претседател Владимир Путин денеска полета со модернизиран стратешки бомбардер Ту-160М способен да носи нуклеарно оружје, што веројатно на Запад ќе се толкува како јасен потсетник за нуклеарните способности на Москва. Леталото со ротациони крила, со кодно име од НАТО „Блек Џекс“, се модернизирана верзија на бомбардерот од времето на Студената војна што бившиот Советски Сојуз би го распоредил во случај на нуклеарна војна за испорака на оружје на долги растојанија.
Државната телевизија го прикажа Путин како се спушта од авионот по летот и им кажува на новинарите дека тоа е сигурен и модернизиран авион што може да го прифатат руските воздухопловни сили. „Тоа е нова машина, многу работи се нови. Полесно е да се контролира. Доверлив е“, рече Путин.
Некои руски и американски дипломати велат дека не можат да се сетат кога односите меѓу двете најголеми нуклеарни сили во светот биле толку лоши, вклучително и за време на кубанската ракетна криза во 1962 година.
⚠️ Putin took off this morning in the new TU-160 Strategical Bomber which will be in service soon. (Kremlin) pic.twitter.com/5FrzgBFiKG
— Gen. Reality –🤩⚖️ (@WadeDav04301694) February 22, 2024
Државната телевизија го прикажа авионот, на кој Русија му го даде прекарот „Белиот лебед“, како полетува и слетува на пистата што и припаѓа на фабрика во Казањ што го произведува модернизираниот суперсоничен авион, а дописникот Павел Зарубин возбудено го нарече „уникатен настан“.
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека патеката на летот на авионот е воена тајна. Летот со Путин траел 30 минути, пренесоа руските новински агенции. Ту-160М, кој има четиричлен екипаж, може да носи 12 крстосувачки ракети или 12 нуклеарни ракети со краток дострел, додека може да прелета 12.000 километри без да застане за полнење гориво.
Руската нуклеарна доктрина наложува употреба на нуклеарно оружје во случај на „закана за постоењето на државата“. Поранешниот претседател Дмитриј Медведев, сега заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија, повеќе пати предупредуваше на ризикот од нуклеарен конфликт со Западот откако Москва ја започна својата инвазија на Украина во 2022 година.
Текстот (Видео) Путин леташе со модернизиран бомбардер, Кремљ: Патеката на летот е тајна е превземен од МАКФАКС.