Австралиската полиција уапси повеќе од 200 лица ангажирани во организирана криминална група откако провалиле во шифрирана компјутерска апликација.
Апликацијата содржела речиси 25 милиони пораки за трговија со дрога, заговори и подготовки за убиства, соопштија денеска австралиските власти.
Во официјалното соопштение се наведува дека станува збор за заедничка акција на австралиската полиција и американскиот ФБИ, која започнала во 2018 година и во која биле приведени криминалци од Австралија, Азија, Јужна Америка и Блискиот исток, сите вклучени во глобалната трговија со дрога, пренесува „Ројтерс“.
„ Ние му зададовме тежок удар на организираниот криминал, што го почувствуваа криминалните организации ширум светот. Ова е пресвртна точка во историјата на спроведувањето на законот во Австралија”, изјави австралискиот премиер Скот Морисон.