(Видео) САД: Дете загина во торнадо, пет лица повредени

(Видео) САД: Дете загина во торнадо, пет лица повредени

пред 7 месеци

Двегодишно момче загина, а мајка му е тешко повредена кога во средата торнадо собори дрво, кое паднало врз нивната куќа во предградието на Детроит, Мичиген.

Во исто време пет лица се повредени, од кои едно потешко, кога торнадо собори дрво на куќа во Гајтерсбург во американската сојузна држава Мериленд, пренесува АП.

Детето починало на местото на настанот, мајката е пренесена во болница во критична состојба, а 2-годишното бебе, кое било во креветче во посебна просторија, не е повредено и е пренесено во болница на евалуација, соопшти Противпожарниот шеф на Ливонија, Роберт Џонсон.

Официјални лица на Ливонија на веб-страницата на градот објавија дека торнадо зафати неколку населби во градот во средата попладне.

Националната метеоролошка служба во Детроит на платформата X во средата вечерта објави дека торнадо со максимална брзина од 153 километри на час допре во Ливонија корнејќи дрвја и оштетувајќи некои домови.

Предупредувања за торнадо беа издадени и во средата вечерта во американската држава Делавер.

Текстот (Видео) САД: Дете загина во торнадо, пет лица повредени е превземен од МАКФАКС.