(Видео) Уапсен политичар од опозицијата во Грузија: „Го носеа претепан и онесвестен“

(Видео) Уапсен политичар од опозицијата во Грузија: „Го носеа претепан и онесвестен“

пред 1 месец

Полицијата во Тбилиси го уапсила лидерот на една од четирите главни опозициски партии во Грузија, откако бил претепан и во несвест, објави неговата партија.

Партијата Коалиција за промени на социјалната мрежа „Икс“ сподели видео на кое се гледа како Нико Гварами во несвест го носат неколку мажи држејќи му ги рацете и нозете по улицата.

Се вели дека Гварами бил фрлен во полициско возило и покрај тоа што бил физички нападнат и онесвестен.

Јужнокавкаската земја западна во политичка криза бидејќи Грузијците одржуваат големи улични протести, поддржани од опозициските партии, против одлуката на владата да ги прекине преговорите за пристапување на земјата во Европската унија.

Текстот (Видео) Уапсен политичар од опозицијата во Грузија: „Го носеа претепан и онесвестен“ е превземен од МАКФАКС.