(Видео) Украински командант: Освоивме 1.000 квадратни километри во Русија

(Видео) Украински командант: Освоивме 1.000 квадратни километри во Русија

пред 5 месеци

Главниот воен командант на Украина рече дека Киев контролира околу 1.000 квадратни километри од руската област Курск, што е негов прв јавен коментар откако Украина ја започна својата најголема прекугранична офанзива во речиси две и полгодишната војна.

Додека Русија сè уште се обидува да го одбие нападот, украинскиот претседател Володимир Зеленски објави видео на Олександр Сирски, шефот на вооружените сили, кој известува за борбите.

„Продолжуваме да спроведуваме офанзивна операција во областа Курск. Во моментов контролираме околу 1.000 квадратни километри од територијата на Руската Федерација“, рече тој.

Зеленски нагласи дека на состанокот на највисоките функционери било наредено да се подготви хуманитарен план за областа.

Вршителот на должноста гувернер на Курск, Алексеј Смирнов, изјави дека Украина држи 28 населени места.

Претходно денеска, министерот за одбрана Рустем Умеров апелираше до Париз да ја укине забраната за употреба на западно оружје за воени цели во Русија за време на телефонскиот разговор со неговиот француски колега Себастиен Лекорну.

Текстот (Видео) Украински командант: Освоивме 1.000 квадратни километри во Русија е превземен од МАКФАКС.