(Видео) Шпанија со ново предупредување: хаос на аеродромот во Барселона поради поплави

(Видео) Шпанија со ново предупредување: хаос на аеродромот во Барселона поради поплави

пред 2 месеци

Барселона е под црвен метео аларм поради обилните врнежи кои предизвикаа поплави и ја прекинаа работата на аеродромот „Ел Прат“.

Водата се излеваше низ таванот на терминалот и ја поплави пистата, што предизвика бројни откажани и пренасочени летови. Социјалните мрежи се преполни со снимки од драматични сцени од аеродромот, додека Барселона станува последниот шпански град погоден од екстремните врнежи, пренесуваат локалните медиуми.

Обилните врнежи, кои започнаа вчераутро, доведоа до одложување и пренасочување на повеќето полетувања. Националната метеоролошка агенција на Шпанија (AEMET) прогласи „екстремна опасност поради обилните дождови“ и издаде предупредување: „Не патувајте освен ако е апсолутно неопходно“.

Метеоролозите предупредуваат дека состојбата може да се влоши во текот на денот, а во регионот се очекуваат дополнителни врнежи, пишува Мирор.

Аеродромот во Барселона воведе кризен комитет за справување со ова временско нарушување.

Текстот (Видео) Шпанија со ново предупредување: хаос на аеродромот во Барселона поради поплави е превземен од МАКФАКС.