„Туро“, апликацијата преку која беа изнајмени возилата користени во нападот во Њу Орлеанс и експлозијата пред хотелот на Трамп во Лас Вегас, соопшти дека соработува со властите.
„Не веруваме дека изнајмувачите вклучени во нападите во Лас Вегас и Њу Орлеанс имале криминално потекло што би ги идентификувало како безбедносна закана. Нашите срца се скршени од насилството извршено во Њу Орлеанс и Лас Вегас, а нашите молитви се со жртвите и семејствата“, велат од „Турс“.
Инспекторите истражуваат дали двата инциденти се поврзани.
Текстот Возилата користени во нападите во Њу Орлеанс и Лас Вегас изнајмени преку истата апликација е превземен од МАКФАКС.