Во заедничка акција на руските и американските служби разбиена мрежа за шверц на кокаин

пред 4 години

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) и американската Управа за борба против дрога (ДЕА) откриле криминална мрежа која шверцувала кокаин од Јужна Америка во Русија и Европа.

Во операцијата запленети се 330 килограми кокаин, чија вредност се проценува на над 11,06 милиони евра (13,56 милиони долари).

Членовите на криминалната мрежа се ставени во притвор и против нив е покрената кривична постапка, објави „Тасс“.

Првата фаза од заедничката операција на ФСБ и ДЕА била спроведена во мај годинава, кога едно лице било фатено со килограм кокаин во Санкт Петербург.

Во јуни биле уапсени членови и еден од водачите на криминалната група, кога се обиделе да продадат 34 килограми кокаин.

Во последната фаза од операцијата во ноември, во московскиот регион се пронајдени најмалку 295 килограми кокаин.