Во Косово почна пописот на населението

Во Косово почна пописот на населението

пред 9 месеци

Пописот на населението, домаќинствата и становите во Косово почна денеска и се очекува да трае до 17 мај.

Тоа е прв попис на населението во Косово од 2011 година.

Агенцијата за статистика на Косово (АСК) на својата веб-страница објави дека од 5 до 10 април нејзините вработени ќе ги посетат домовите на голем број граѓани за да делат материјали, како летоци, информативни писма и известувања за областите за регистрација.

Во тој период ќе се разговара со некои домаќинства.

Како што рекоа од Агенцијата за статистика, генералното пријавување треба да почне на 10 април.

Во меѓувреме, на денот на почетокот на пописот на средбата на премиерот на Косово, Аљбин Курти, со градоначалниците на општините, беа упатени критики дека процесот не е добро подготвен.

Во некои општини, како Призрен, регистрацијата нема да почне пред понеделник бидејќи се потребни дополнителни подготовки.

Претходно, беше најавено дека граѓаните ќе пополнат седум прашалници, меѓу кои и оној за штетите предизвикани за време на конфликтот во 1998 и 1999 година.

Текстот Во Косово почна пописот на населението е превземен од МАКФАКС.