Во Лондон протестираа против испраќање оружје во Израел, уапсени се девет лица

Во Лондон протестираа против испраќање оружје во Израел, уапсени се девет лица

пред 6 месеци

Британската полиција уапси девет лица за време на протестот против извозот на оружје во Израел.

Пропалестинските демонстранти во Велика Британија водеа кампања за владина забрана за продажба на оружје на Израел по започнувањето на офанзивата врз Газа како одговор на нападот на 7 октомври.

Минатата недела, новиот секретар за надворешни работи, Дејвид Лами, кој рече дека сака избалансиран поглед на Израел и Газа, рече дека целосната забрана за извоз на оружје во Израел не би била исправна, но дека ќе се направи проценка дали да се продолжи со продажбата на офанзивно оружје што би можело да се користи во Газа.

 

Текстот Во Лондон протестираа против испраќање оружје во Израел, уапсени се девет лица е превземен од МАКФАКС.