Во Србија повторно повеќе од 4.500 новозаразени со коронавирус, 21 починат

пред 4 години

Според последните информации, во Србија се регистрирани 4.590 новозаразени лица, а починале 21 лице.

Во последните 24 часа биле тестирани 16.929 примероци, а 3.089.025 од почетокот на епидемијата.

Во моментов, 4.311 се хоспитализирани, а 212 лица се приклучени на апарати за дишење.

Досега починале 4.620 лица, а стапката на смртност во Србија е 0,93 проценти.