Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска по пристигнувањето на Самитот на ЕУ изјави дека дошол во Брисел да разговара со европските пријатели за иднината на Србија и регионот.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
На прашањето што очекува од денешната средба, тој одговорил „ништо“, а за тоа дали се плаши да дојде во Брисел, како што тврдеа некои, рече дека поминале времиња кога некој може со притисок да уценува слободни и независни држави, пишуваат српските медиуми.
„Дојдовме овде кај пријател. Верувам во европската иднина на Србија и на Западен Балкан. Ќе се бориме заедно на тој пат, почитувајќи се себеси и верувајќи дека заедно можеме многу. Тоа дека сме исплашени и многу мали а некои се многу големи, тоа се приказни за мали деца“, изјавил тој.
Сакаме брзо да развиваме пријателски и братски односи. Верувам дека ќе бидеме заедно и на европските и на сите други патишта“, нагласил Вучиќ.
Кажал дека утрово разговарал со македонскиот премиер Димитар Ковачевски, а на прашањето што мисли за билатерализацијата на преговарачкиот процес, посочил дека тоа и е направено на Србија со Приштина, со добивањето на поглавјето 35.
„Не можам да кажам дека Ковачевски е среќен, ќе видиме што ќе биде“, додал тој.
Тој посочил дека Северна Македонија е братска и пријателска земја за Србија и дека се што се чувствува во Скопје е како да се чувствува во Белград“.
На прашањето на медиумите од регионот дали очекува критики на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел за невоведувањето санкции кон Русија, Вучиќ изјавил дека има подготвен одговор на тие критики и кажал дека Србија седи на своето столче.