Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг кандидат за гувернер на Норвешка

пред 3 години

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг е меѓу кандидатите заинтересирани да станат идниот гувернер на Централната банка на Норвешка, соопшти денеска Министерството за финансии на таа земја.

„Министерството за финансии ме контактираше во ноември и ме праша дали ќе размислам да се пријавам за таа позиција. Сега го направив тоа и тоа е работа за која сум многу мотивиран“, изјави Столтенберг за новинската агенција НТБ.

Работата гувернер треба да започне на 1 март, но Столтенберг вели дека прво би требало да го заврши мандатот во НАТО, кој трае до крајот на септември 2022 година, пренесува Ројтерс.