Денес Германија го одби барањето за испорака на оружје до Киев, кое го испрати претседателот на Украина, Влaдимир Зеленски.
Зеленски побарал од Берлин да и доставува автоматски пушки, радиоопрема и оклопни возила на Украина, но германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, изјави денеска дека е убеден дека конфликтот во источна Украина може да се реши само со политички средства, пренесува „Ројтерс“.
„Ова ќе остане упатство за нашиот ангажман со Украина и нема да има промени: Испораките на оружје нема да помогнат“, рече Мас пред видеоконференцијата на министрите за надворешни работи на НАТО