Гори руска фабрика: Украинците со дронови гаѓаа кон Курската област

Гори руска фабрика: Украинците со дронови гаѓаа кон Курската област

пред 6 месеци

Вршителот на должноста гувернер на Курската област, Алексеј Смирнов, соопшти дека украинските војници синоќа со беспилотни летала ја нападнале Курската област, поради што избувнал пожар во фабриката за нисконапонска опрема.

„Фрлена е експлозивна направа на територијата на фабриката за нисконапонска опрема во Коренево. Пожарот во една од технолошките работилници го гаснат противпожарни бригади од два округа“, напиша Смирнов на каналот Телеграм, пренесува Интерфакс.

Според него, никој од работниците во фабриката не е повреден.

Текстот Гори руска фабрика: Украинците со дронови гаѓаа кон Курската област е превземен од МАКФАКС.