Најбогатиот човек на планетата Илон Маск се огласи на својот Твитер профил со порака испратена до рускиот претседател Владимир Путин.
„На овој начин го предизвикувам Путин на индивидуална борба“, напиша Маск, делумно на латиница, делумно на кирилица и додаде:
„Влогот е Украина“.
I hereby challenge
Владимир Путин
to single combatStakes are Україна
— Elon Musk (@elonmusk) March 14, 2022
Неговиот твит предизвика бројни коментари, а многумина се запрашаа дали се шегува.
Маск претходно одби да ги блокира руските државни медиуми.
Тој изјави дека некои влади, но не и украинската, му наредиле на неговиот сателитски широкопојасен сервис да ги блокира руските извори на информации и медиумски куќи.
„Тоа нема да го направиме доколку не сме на целта. Жал ни е што сме апсолутни поддржувачи на слободата на говорот“, рече Маск на својот профил на „Твитер“.
Сепак, тој испорача сателити во Украина за да и помогне на земјата која Русија ја нападна.