Гувернерката на Банката на Русија: Високата инфлација е како треска кај пациент

Гувернерката на Банката на Русија: Високата инфлација е како треска кај пациент

пред 1 месец

Гувернерката на Централната банка на Русија, Елвира Набиулина, денеска на форумот „Русија повикува“ во Москва, ја спореди високата инфлација со треска кај пациент и изјави дека економскиот раст со таква инфлација може да биде нестабилен.

„Тоа е како човек да има висок пулс кога трча на долги патеки – може да трчате на кратко растојание со висок пулс, но доста е тешко да се истрча на долго растојание така. Инфлацијата е како висока температура кај човекот и знак на одредени болести“, вели Набиулина.

Според неа, Банката на Русија мора да реагира на растот на инфлацијата во земјата за таа да не се забрза, што би влијаело и на слабеење на рубљата, пишува „Комерсант“.

Постепеното намалување на инфлацијата во Русија до посакуваните четири проценти ќе трае во текот на следната година, а делумно во текот на 2026 година, нема да исчезне само по себе, предупреди Набиулина. Министерството за економија на Русија неодамна објави дека годишната стапка на инфлација во таа земја на крајот на ноември изнесувала 8,78 отсто, пренесува Танјуг.

Текстот Гувернерката на Банката на Русија: Високата инфлација е како треска кај пациент е превземен од МАКФАКС.