Денеска вонреден состанок на министрите за енергетика на Г7

пред 3 години

Министрите за енергетика на Групата седум денеска ќе разговараат што друго може да направи Западот за да ја намали зависноста од руската нафта и гас, најави британскиот министер за енергетика, Квази Квартенг.

– Ќе имаме вонреден состанок на министрите за енергетика на Г7 за да ги разгледаме понатамошните чекори – изјави вчера Квартенг во парламентот.

Обединетото Кралство соопшти дека постепено ќе го укине увозот на нафта и нафтени деривати од Русија до крајот на годината и ќе ја разгледа можноста за забрана на рускиот природен гас, приклучување кон други земји, вклучително и САД, во обид да ја казни Москва за нејзината операција во Украина.