Маж вооружен со нож држи заложник вработен во бензинска пумпа во Бристол.
Тој како што јавуваат медиумите, се наоѓа во продавницата, додека другите работници се во друга просторија.
Британските медиуми јавуваат дека едно лице е повредено во конфликтот со напаѓачот и дека е префрлено во болница со повреди кои не се опасни по живот.
Полицијата е на лице место, а преговарач пристигнал да разговара со напаѓачот.
Според непотврдени информации, едно рането лице е пренесено во болница со брза помош.