Европскиот парламент избра 14 нови потпретседатели

Европскиот парламент избра 14 нови потпретседатели

пред 6 месеци

Европскиот парламент (ЕП) денеска избра 14 нови потпретседатели, од кои тројца се од Европската народна партија, пет од редовите на социјалистите и демократите, по двајца од редовите на либералите, европските конзервативци и реформисти и по еден  од Зелените и Левицата.

Од друга страна, кандидатите на политичките групи Патриоти за Европа и Европа на суверени нации не добија доволно гласови за да бидат избрани за потпретседатели на ЕП.

Сабине Верхејен, Ева Копач и Естебан Гонзалес Понс од Европската народна партија, Катарина Барли, Пина Пицерно, Виктор Негреску, Хави Лопез и Кристел Чалдемозе од редовите на социјалистите и демократите, Мартин Хојзик и Софи Вилмес од Обнова за Европа, Робертс Зила и Антонела Зберна од европските конзервативци и реформисти и Јунус Омаржи од левицата.

Текстот Европскиот парламент избра 14 нови потпретседатели е превземен од МАКФАКС.