Експлозија во Рим, се урна зграда, три лица извлечени од урнатините

Експлозија во Рим, се урна зграда, три лица извлечени од урнатините

пред 1 година

Во експлозијата што се случи во Рим, се урна станбена зграда, а пожарникарите успеаја да извлечат три лица од урнатините.

Како што пренесува АНСА, зградата се срушила во населбата Канале Монтерано, а пожарникарите успеале да извлечат двојка и нивниот 18-годишен син надвор од урнатините и да ги одведат во локална болница.

Инспекторите се обидуваат да утврдат што точно ја предизвикало експлозијата, а една претпоставка е дека таа е поврзана со истекување на гас.

Според сведочењето на локалните жители, пред експлозијата се чувствувал мирис на гас во населбата Канале Монтерано.

Текстот Експлозија во Рим, се урна зграда, три лица извлечени од урнатините е превземен од МАКФАКС.