Европската комисија подготвува нов пакет санкции против Русија и Белорусија за нападот на Украина, изјавија денеска за Ројтерс неименувани извори во Брисел.
Санкциите ќе бидат насочени кон руски политичари и бизнисмени, како и три белоруски банки.
За новите санкции на денешната средба ќе разговараат евроамбасадорите.