Еруптираше вулканот Ибу во Индонезија исфрлајќи пепел до висина од 6 километри: на граѓаните им беше кажано да се евакуираат

Еруптираше вулканот Ибу во Индонезија исфрлајќи пепел до висина од 6 километри: на граѓаните им беше кажано да се евакуираат

пред 8 месеци

Вулканот Ибу на островот Халмахер во Индонезија денеска еруптираше исфрлајќи пепел во висина од шест километри, соопшти Индонезиската вулканолошка агенција.

Колоната од пепел се движи кон запад, а највисокото предупредување е издадено за воздухопловните власти, како и препорака да се евакуира населението на седум километри од вулканот.

Индонезија, архипелаг дом на 270 милиони луѓе, има 127 активни вулкани.

Вулканската активност во Индонезија е честа бидејќи се наоѓа покрај т.н „Пацифичкиот огнен прстен“, област каде што се судираат повеќе тектонски плочи.

Текстот Еруптираше вулканот Ибу во Индонезија исфрлајќи пепел до висина од 6 километри: на граѓаните им беше кажано да се евакуираат е превземен од МАКФАКС.