Жена загина додека чистеше снег пред својата куќа во Њујорк

Жена загина додека чистеше снег пред својата куќа во Њујорк

пред 11 месеци

Надзорна камера го снимила застрашувачкиот момент кога една постара жена смртно ја удрила тула во главата додека го чистела снегот пред својот дом во Њујорк.

Дејл Сингер (74) билa итно пренесенa во болница кога се урнал бетонскиот дел околу влезната врата.

Сведоците рaскажаа дека жената штотуку се свртела да ја заклучи вратата на 6-тата авенија во Бруклин кога била згмечена од тулата.

Сосетката Мијра Мартинез рече дека Сингер изнајмила дуплекс во градска куќа од 19 век со сопругот и ќерката.

„Таа беше многу фина дама и многу ми е жал што почина на овој начин“, додала таа.

Полицијата, која пристигнала на местото на настанот, се обидела да ја спаси пред жената да биде пренесена во болница во критична состојба. Подоцна била прогласена за почината, пишува „Дејли мејл“.

Трагедијата се случила додека Њујорк се бори со една од најлошите зимски бури во последните две години.

Текстот Жена загина додека чистеше снег пред својата куќа во Њујорк е превземен од МАКФАКС.