Завршени преговорите меѓу Русија и Украина, нова средба на белоруско-полската граница?

пред 3 години

Според медиумите, завршени се преговорите меѓу Русите и Украинците, кои се водеа во Белорусија, на границата со Украина.

Преговорите, чиј исход го очекува целиот свет, траea повеќе од 5 часа.

Дописниците известуваат дека и двете страни одат во нивните престолнини, Киев и Москва.

Главната цел: прекин на огнот на територијата на Украина.

Сепак, Русија и Украина идентификуваа голем број приоритетни теми за кои донесоа одредени одлуки, рече Подољак, советник на шефот на кабинетот на Зеленски.

Според него, Русија и Украина разговарале за можноста за одржување на втор круг преговори во блиска иднина.

Следната средба на украинската и руската делегација ќе се одржи на белоруско-полската граница во наредните денови, изјави шефот на руската делегација во разговорите со украинската страна, помошникот на претседателот на Руската Федерација Владимир Медински.

Решението за Украина е можно само ако се земе предвид интересот на Русија, му рекол Путин на Макрон.